Да анализираш податоци и да поставуваш подобри прашања над нив.
Поради големиот интерес, отвораме нова септемвриска група со почеток на 28 септември.
Научи практично да анализираш податоци, да поставуваш подобри прашања и да креираш извештаи и dashboards што имаат реална вредност во работна средина.
Пополни ја кратката форма, а нашиот тим ќе те контактира со сите информации за програмата, плаќањето и резервацијата на место.
Почеток: 28 септември · Отворени пријави
Тимот на SMX Academy ќе те контактира со сите детали за програмата, слободните места и следните чекори.
За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049
Секоја компанија денес собира податоци, но малкумина знаат како да ги претворат во одлуки. Токму тука е твојата можност.
Работиш со табели и бројки, но ти недостасуваат вистинските алатки за анализа.
Сакаш да влезеш во кариера со податоци, но не знаеш од каде да почнеш.
Не познаваш професионални алатки како SQL, Python и Power BI.
Немаш практично портфолио со извештаи што можеш да го покажеш пред работодавач.
Оваа Академија ти го дава токму тоа: практични вештини со Excel, SQL, Python, Power BI и Cloud, и проекти на кои работиш како во вистинска работна средина.
Да анализираш податоци и да поставуваш подобри прашања над нив.
Да работиш со бази на податоци и да пишуваш SQL прашалници.
Да чистиш, обработуваш и визуелизираш податоци во Python.
Да креираш интерактивни извештаи и дашборди во Power BI.
Да ги користиш cloud технологиите за податочни цевководи.
Да извлекуваш заклучоци што имаат реална вредност во бизнис.
Секој модул надградува на претходниот: од основите во Excel до податочни цевководи во облак. На крајот го владееш целиот тек на анализа на податоци.
Секој модул е практичен и се надградува на претходниот.
Програмата ја водат сертифицирани експерти со долгогодишно искуство во индустријата.

Google Cloud Certified Professional и Microsoft сертифициран Power BI Data Analyst, Azure AI Engineer и Data Scientist. Со долгогодишно искуство во анализа на податоци, неговата експертиза комбинира cloud технологии, Excel и Power BI за да им помогне на компании да донесуваат подобри одлуки преку data-driven пристап.
LinkedIn →
Програмер со долгогодишно искуство и огромно познавање на Python и Javascript, најмодерните Web технологии како Django, Flask и React, cloud платформи како AWS и Google Cloud Platform, како и SQL и No-SQL бази. Ќе се погрижи да го совладаш Python од самиот старт, сè до самостојно извршување комплексни задачи.
LinkedIn →
Душко Тодевски е докажан експерт во областа на data science, со долгогодишно искуство во имплементација на напредни решенија за бизнис и финансии.
LinkedIn →
Даниела Солаковска е Data Analyst и Power BI Developer со над 10 години искуство во индустријата и позадина во логистика и осигурителен outsourcing. Како поранешен тим-лидер во data аналитика, водела бројни проекти и е препознаена по способноста да претвора комплексни податоци во јасни, употребливи увиди што носат раст на бизнисот.
LinkedIn →CPD акредитацијата значи дека програмата има проверен квалитет и е препознаена од компании ширум Европа. Тоа ти дава предност при вработување.
Добиваш официјален сертификат што го докажува твоето знаење и професионален развој.
Кредитите можеш да ги додадеш во твоето CV и да ги искористиш при пријавување за работа, пракса или членство во професионални тела.
Академијата е одлична — професорите беа пријателски настроени и секогаш подготвени да помогнат. Сакав подобро да ги разбирам податоците што секојдневно ги користам во работата, и тоа го добив.
Моето искуство би го опишала како трансформативно и инспиративно. Академијата не беше само место за учење, туку и место каде можев да ја поттикнам својата креативност.
Програмата е внимателно осмислена, структурирана и насочена кон практична примена. Со секој нов совладан модул, самоувереноста ми растеше.
Најмногу ми се допадна тоа што учевме преку реални деловни ситуации. Академијата ми донесе поголема сигурност во работата.
Немав претходно искуство во анализата на податоци, па Академијата за мене беше можност да ги направам првите чекори. Денес се чувствувам многу посигурна.
Искуството со Академијата беше исклучително позитивно. Со позадина во економија, ги надградив вештините со алатки како SQL, Power BI и Python.
Не си сигурен/на која опција ти одговара? Пополни ја формата, а нашиот тим ќе те контактира со сите информации.
За да се пријавиш, пополни ја кратката форма со кликање на копчето „Пријави се", или директно контактирај нè на 075 407 446.
По пријавувањето, нашиот тим ќе те контактира преку телефон, Viber и email со сите важни детали.
Доколку сакаш веднаш да го обезбедиш своето место во групата, можеш да ја уплатиш првата рата преку линкот Плати онлајн.
Податоците се јазикот на секоја модерна компанија.